порнокино | ср.
Кино во кое се прикажуваат порнографски филмови.
порнофилм | м.
Филм со порнографска содржина, порнографски филм.
пороби | св.
Одземе независност, фрли во ропство, претвори во роб. Кога ја поробија земјата, тој зеде пушка и замина в планина. Тие го поробиле народот и го присилувале да се изразува на туѓ јазик.
поробител | м.
поробувач | м.
Тој што поробил или поробува. Тој повикува на вооружена борба против поробувачот.
пороганија | ж.
Голем срам, скандал.
пород | м.
Деца, потомство. Тоа беше родителска грижа за својот пород.
порода | ж.
За животни – раса, сој. Запре пајтон, со чифт јаки коњи, од арапска порода.
породи | св.
Укаже помош при раѓање. Бабицата ја породи.
породилен | прид.
Што се однесува на раѓање, родилен. Породилни болки. Породилно отсуство. Породилни маки.