породилиште | ср.

Породилен дом, дом за родилки.

породилка | ж.

Родилка.

пороен | прид.

Што е како порој; непредвидлив. Пороен дожд. Поројна вода.

пороже | ср.

Јаже со кое говедото, добитокот се врзува за роговите.

порожи | св.

Врзе говедо за роговите со пороже.

порозен | прид.

Што има пори; шуплив, пропустлив. Порозна почва. Порозен камен.

пороит | прид.

пороиште | ср.

Аугм. од порој. Зарикаа пороишта, влечејќи гранки, дрвја и камења.

порок | м.

Слабост, лоша склоност во карактерот што заслужува осуда. Негов единствен порок беше пиењето.