порони | св.

Рони малку, некое време пченка и сл. Порони малку од пченката и седна да одмори.

пороси | св.

За дожд – роси малку, некое време. Утрото пороси ситен дождец.

порота | ж.

Судско тело составено од граѓани, што учествуваат во донесувањето пресуда.

поротен | прид.

Што се однесува на порота. Поротен суд.

поротник | м.

Член на порота. Доаѓа судијата со поротниците.

порочен | прид.

Што е со некаков порок; неморален. Порочен човек.

порочност | ж.

Својство или состојба на тој што е порочен; неморалност, расипаност.

порој | м.

Силен поток, надојдена вода што тече по пороен дожд или при нагло топење на снегот. Поројот што мина е со доволна сила и дрво да откорне.

поројник | м.

Силен дожд, порој. Дожд поројник.

поројница | ж.

Река којашто по силен дожд или по нагло топење на снегот надоаѓа како порој. Река поројница.