портар | м.

Вратар.

портарка | ж.

Жена што постојано е пред порти и разговара, озборува со соседите.

портик | м.

Покриен ходник со столбови; трем со колонада.

портир | м.

Лице што го следи, го контролира влезот во некоја општествена установа, зграда и сл.; вратар. Портирот ги запраша кај кого имаат закажано средба.

портирница | ж.

Просторија, соба на портирот. Тие го побараа портирот во портирницата.

портмоне | ср.

Ќесе за ситни пари и монети; паричник.

Порто Ново | ср.

Главен град на Бенин.

портокал | м.

Суптропско зимзелено овошно растение што дава сочни, мирисливи плодови; Citrus aurantium. Тие беа застанати покрај еден див портокал.

портокалов | прид.

Што припаѓа, што се однесува на портокал, што е добиен од портокал. Портокалови дрвја. Портокалова кора.