Порторико | ср.
Остров во Карипско Море, под власт на САД.
Порторож | ж.
Град на Јадранско Море во Словенија.
портофел | м.
портпарол | м.
Известувач за јавноста, овластено лице да говори од името на некого (на парламент, влада, министерство, установа итн.)
портрет | м.
Претставување на човечки лик на фотографија, уметничка слика или скулптура. Семеен портрет.
портретен | прид.
Што се однесува на портрет. Епитетите ги предаваат надворешните портретни црти на хероите.
портретизација | ж.
портретира | св. и несв.
Направи, прави портрет. Сликарот го портретираше ликот на кнезот.
портретист | м.
Уметник што прави портрети. Тој бил портретист на кралското семејство.
Португалија | ж.
Држава во Европа.