поројнички | прид.

Што е, што потекнува од поројница, што се однесува на поројница. Поројнички камен.

Порт Вила | м.

Главен град на Вануату.

Порт Луис | м.

Главен град на Маврициус.

Порт Морзби | м.

Главен град на Папуа Нова Гвинеја.

Порт о Пренс | ср.

Главен град на Хаити.

Порт оф Спејн | м.

Главен град на Тринидад и Тобаго.

порта | ж.

Голема дворна (куќна) врата откај улицата. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.

портабл | бр. прид.

Што може лесно да се носи, да се пренесува од едно место на друго. Портабл-машина за пишување. Портабл-телевизор.

портал | м.

Раскошно украсен главен влез во црква, палата или голема зграда; главна врата. Стигнав пред црквата, чиј огромен централен портал беше на самата улица.

портален | прид.

Што се однесува на портал.