пароброд | м.

Брод што користи водена пареа како енергија за движење. Патнички пароброд. Речен пароброд.

паробродарство | ср.

Стопанска дејност што се занимава со производство и трговија со пароброди.

парог | м.

Стап со кука.

пародира | св. и несв.

Направи, прави пародија на литературно дело.

пародичен | прид.

Што се однесува на пародија. Пародичен однос.

пародија | ж.

(лит.) а) Хумористична и подбивна имитација на литературно дело (обично песна), автор и сл. б) Дело што има таков карактер.

парожен | прид.

Што се однесува на парог_2

пароксизам | м.

(мед.) Силен настап на некоја болест, ненадејно влошување на болеста.

парола | ж.

Збор или реченица со пропагандна содржина.