порфира | ж.

Долга пурпурна мантија што ја носеле монарсите во свечени пригоди.

порфирен | прид.

Што се однесува на порфир, што е изработен од порфир. Порфирни столбови.

порхет | и.

Вид мека памучна ткаенина со влакненца од едната страна;

порхетен | прид.

Што е од порхет; бархетен. Порхетен фустан.

порцелан | м.

Бела, огноотпорна материја што се добива од каолин, кварц и др. и служи за изработка на садови за домаќинството, изолациски предмети, украси и др. Вази од порцелан.

порцеланка | ж.

Фабрика за порцелан.

порција | ж.

Определено количество јадење, оброк за едно лице во ресторан, војска и сл. Гостилничарот му понуди порција јагнешко.

посада | ж.

(воен.) Воена единица сместена постојано или привремено во населено место или во тврдина; гарнизон. Воена посада.

посади | св.

Стави, закопа семе, лоза, садница и сл. в земја за да израсне растение; насади. Во дворот посади невен, жолто џунџуле и други цвеќиња.

посадочен | прид.

Што е наменет за садење. Посадочен материјал.