портфељ | м.

Кожен паричник со повеќе прегради. Тој го извади портфељот да плати.

поруга | ж.

Навредлив збор или постапка со која се навредува некој; ругање, срамотење. За поруга ќе станеш во селото.

поруга | св.

Исмее, навреди некого или нешто. Тој се налути и го поруга.

порумени | св.

Стане румен. Таа порумене од срам.

поруси | св.

Стане рус, добие руса боја (обично за коса). Подоцна косата и поруси.

поруча | св.

појаде_1 Се изми, поруча и излезе надвор.

поручек 1 | м.

попладне_1 Средата поручек берберницата живна. Тој поручек не одеше на работа.

поручник | м.

Офицерски чин во некои војски што следува по чинот потпоручник и пред чинот капетан; лице со таков чин. Јас сум активен артилериски поручник.

порфир | м.

Цврст минерал со темноцрвена боја, пурпурен камен.