посака | св.
Замоли некого, побара некому нешто. Тие му посакаа петстотини лири. Парохот ги посака од внуката клучевите од собата.
посаклив | прид.
Што постојано бара нешто од некого. Посакливо дете.
посакум | прил.
Намерно, нарочно. Ти посакум ја уриваш цената на житото.
посатка | ж.
Предмет, обично од стакло, порцелан, метал и сл., со различна форма и големина, во кој се приготвува или послужува храна, во кој може да се стави или да се чува течност, храна и сл.; сад. Наведната над мијалникот, таа ги миеше посатките. Бакарна посатка.
посвари | св.
Вари малку, уште малку. Ручекот треба уште малку да се посвари.
посвати се | св.
Стане сватови еден со друг (при женидба, мажачка). Еснаф луѓе се, та ако се посватат, лошо ли ќе им биде.
посведочи | св.
Покаже, докаже, потврди нешто со сведочење, како сведок. Вие ќе треба само да посведочите во врска со некои тези на обвинението.
посвета | ж.
Натпис на книга или друга творба во кој се посочува личноста на која е посветена. Своерачно напишаната посвета тој ја придружил со потпис.
посветен | прид.
Што е предаден, ветен на некого или на нешто. Тој е целосно посветен на работата.
посвети 1 | св.
а) Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност. Сиот свој живот го посветила на згрижување на децата. Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети.