паролџиство | ср.
Особини на паролџија.
паролџија | м.
Тој што се служи, се истакнува со пароли, а не се потврдува со работа.
пароним | м.
Збор што е близок по гласовниот состав со друг збор, но не е истозначен со него.
парох | м.
Свештено лице од православната црква што управува со парохија.
парохија | ж.
Најмала управна област на православната црква со која управува парох.
парохов | прид.
Што припаѓа на парох. Парохова куќа.
парса | ж.
Парична награда што се дава на свирачите по отсвирени песни или ора.
парта | ж.
Извезен преден горен дел од женска кошула на народната носија.
партал | м.
Износено, искинато алиште или парче ткаенина; крпа, алтица, латица. Купче партали. Питач облечен во партали.
парталав | прид.
Што е искинат. Парталаво палто. Парталави панталони.