посипе | св.

Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок и сл.). Кифличките ги посипа со шеќер. Патеката ја посипа со ситен чакал. Дворот беше посипан со ситен дробен камен.

поскапи | св.

Зголеми цена на нешто, направи да биде поскапо. Зголемените даноци ги поскапија земјоделските производи.

поскара | св.

Скара, укори малку некого. Таа ги поскара децата.

поскита | св.

Помине во скитање некое време. Доста поскитав дури ја најдов адресата.

поскија се | св.

Се скија малку, кратко време. Да се поскијам уште малку или да прошетаме.

поскок 1 | м.

Мал скок во висина. Трчање со поскок

поскок 2 | м.

Вид отровна змија; Vipera ammodytes. Патем сретнував змии и гуштери, поскоци и дождовници.

поскока | св.

Скока малку, кратко време. Поиграа, поскокаа и се изморија.

поскокотка | св.

Скокотка малку, по малку, некое време.