поскоро | прил.
Компаратив од скоро; побрзо. Брзав да се оддалечам што поскоро од овој град. Сакаше поскоро сѐ да сврши, отколку да одлага многу-многу.
поскрати | св.
Скрати малку, донекаде. Тој мораше да го поскрати говорот на десет минути.
поскраја | прил.
Понастрана, малку на страна; малку подалеку. Оди поскраја по патот. Тој настојуваше да се поскраја еден од друг. Децата стоеја поскраја од мене и ме гледаа.
поскрие | св.
Скрие малку, донекаде. Кога влезе девојката, тој го поскри писмото со раката.
поскроти | св.
Скроти малку, донекаде. Со годините тој ја поскроти својата нарав.
поскрпи | св.
Скрпи, присобере, натокми малку, во мала мера. Поскрпив некој денар.
поскура | ж.
Обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква. Со поскура и со шише вино одевме да се причестиме.
поскурник | м.
Дрвен печат со крст што се втиснува на поскура.
поскуси | св.
Скуси малку, донекаде. Не знаеше што да прави за да го поскуси времето.
послани | св.
За слана – покрие со слана, попари растенија; ослани. Утрото слана ги послани насадите.