последок | м.

постелка, плацента.

последува | св.

Тргне по некого веднаш или по некое време. Му даде знак со раката да го последува и излезе.

послежен | прид.

послезе | св.

Слезе малку или уште малку. Таа послезе по скалите за да види кој дошол.

послизга се | св.

Се слизга малку, кусо време. Се послизга и се врати дома.

пословени | св.

Направи некого Словен преку јазикот и обичаите, даде некому или на нешто словенски црти, карактер; словенизира.

пословечки | прид.

Во изразот пословечки говор – таен говор, добиен со додавање на определени наставки на секој слог од зборот и сл.; разговор меѓу лица со таен говор. Тие разговараа пословечки.

пословица | ж.

Кратка синтаксички оформена изрека, реченица, што се пренесува по традиција како израз на народното животно искуство и на народна мудрост. Нов бунар копај, на стариот не плукај.

пословичен | прид.

Што се однесува на пословица. Пословичен стил.