посмали | св.
Смали малку, направи да биде нешто малку помало. Тој се обидуваше да ја посмали цената на земјиштето.
посматра | несв.
Внимателно гледа некого или нешто. Седнат на брегот, тој ги посматраше брановите.
посматрач | м.
Тој што посматра.
посматрачки | прид.
Што се однесува на посматрање, на посматрач. Посматрачко место. Посматрачка дарба.
посматрачница | ж.
посмева се | несв.
посмее | св.
Покаже смелост, се осмели да стори нешто. Да не си посмеал да не ја извршиш наредбата.
посмее се | св.
Се смее малку, кратко време. Кажи некоја шега да се посмееме.
посмекне | св.
Смекне малку или уште малку, донекаде. Тој како да сакаше да ја посмекне лутината што му навираше.
посмеле | св.