посмести | св.
Смести малку, донекаде. Ги посместија торбите во аголот од собата.
посмеша | св.
Смеша, измеша нешто малку или уште малку, донекаде.
посмеќава | св.
Попречи малку, кратко време.
посмили се | св.
Стане некому помил. По тој разговор таа му се посмили.
посмири | св.
Смири малку, донекаде. Жената ги посмири децата.
посмлачи | св.
Смлачи малку, донекаде. Таа го посмлачи млекото и го сипа во шолјата.
посмоли | св.
Намачка со смола; смолоса.
посмрачи се | св.
Се смрачи малку или уште малку, донекаде. Почекај да се посмрачи, па оди.
посмрди | св.
Смрди малку, кратко време.
посмркне се | св.