посмртен | прид.
Што се однесува на времето по смртта. Посмртна слава. Посмртно признание. Посмртно издание.
посмртнина | ж.
Парична помош што се дава во случај на смрт.
посмртница | ж.
Официјален документ за нечија смрт; умреница.
посмртно | прил.
По смртта. Посмртно ги рехабилитирале.
посмртче | ср.
Дете родено по смртта на татка си.
посмрче | ср.
посмршти | св.
Смршти, намршти (лице, чело, веѓи) малку.
поснижи | св.
Снижи малку, во некој степен. Поснижи го тонот на телевизорот.
поснизи | св.
посник | м.
Човек што се осамил и се предал на пост и молитва; испосник.