поснова | св.
поснове | св.
Снове малку, кратко време.
поснопица | прил.
Како снопје, како покосени (падне, сотре и сл.). Тие паднаа поснопица во тревата.
посност | ж.
пособере | св.
Собере малку, во некоја мера. Се обиде да пособере малку сила. Таа ја пособра косата во марамата.
пособере (се) | несв.
посоветува | св.
Даде совет некому. Кога ја слушаше таа негова фалба, се обиде да го посоветува да биде поскромен. Војникот го посоветува да биде подалеку од објектите на војската.
посоземе се | св.
Се соземе малку, донекаде. Откако се посозеде од патот, тој се загледа во присутните.
посока | ж.
посоли | св.
Стави сол на нешто, потури со сол. Лебот намачкан со маст, го посоли со буковец.