посомеле | св.

Сомеле малку, во некоја мера или уште малку. Замина кон воденицата да посомеле малку брашно.

посомнева се | св.

Изрази сомнеж, недоверба кон некого или кон нешто. Тој никогаш не се посомневал во вистинитоста на приказната.

посонува | св.

Сонува, мечтае малку или уште малку. Остави го нека посонува уште малку.

посонча | св.

Сонча малку, уште малку, донекаде. Посончај го детето, но внимавај да не изгори.

посоп | и.

Брашно што се одделува пред месењето и служи за посипување.

посоченост | ж.

Граматичка категорија кај именските зборови;

посочи | св.

Покаже нешто, укаже. Ќе посочиме на неколку дела од авторот. Тој го посочи него како пример за добар работник.

поспадне | св.

Спадне малку или уште малку, во некоја мера. Немаше дожд и водата во реката поспадна.

поспастри | св.

Спастри малку, донекаде, доведе во некој ред. Поспастри и понареди, за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред. Земи поспастри го детево, целото се извалкало.