поспашка | св.
Спашка, збрка малку. Таа ги поспашка децата од дворот.
поспаѓа | несв.
поспива | несв.
поспие | св.
Спие малку, некое време; спие уште малку, малку повеќе. Попладнето поспа малку, но сѐ уште беше изморен. Беше недела и го оставија да си поспие.
поспласне | св.
Спласне малку, во некоја мера. Вечерта отокот на лицето му поспласна.
поспотина | несв.
поспотне | св.
Спотне оган малку или уште малку, разгори малку повеќе.
поспречка се | св.
Се спречка малку.
поспушти | св.
Спушти малку, во некоја мера. Кога го здогледа, таа го поспушти погледот. Поспушти ја завесата!
посрами | св.
Направи некој да почувствува срам, засрами. Тој ни го посрами името.