посрамоти | св.

Нанесе некому срам, осрамоти. Се надевам дека нема да ме посрамотиш пред луѓето.

посран | прид.

Што е извалкан, нечист. Посрани гаќи.

посрби | св.

Направи да се чувствува Србин; придаде на нешто српски карактер.

посребрен | прид.

Што е покриен, обложен со тенок слој сребро. Посребрен накит.

посребри | св.

Покрие, обложи со тенок слој сребро.

посред | предл.

Пространствена определба - во средишниот дел на нешто. Замавнал со боздоганот и го удрил посред чело. За инает, ѓубрето го истураат посред улица.

посреде | прил.

посреден 1 | прид.

Што се остварува по заобиколен пат, со посредство на некој или нешто; индиректен. До тие податоци стигнавме по посреден пат.

посреден 2 | прид.

За брат, сестра – што е среден по возраст.

посредник | м.

Лице што посредува меѓу две страни или лица и помага за постигнување спогодба или за успешно извршување на некаква работа. Тој беше посредник меѓу двете фирми.