посредништво | ср.
Посредување.
посредно | прил.
На посреден начин, индиректно. Нејзиното влијание сѐ уште посредно го чувствуваме.
посредство | ср.
Посредување. Книгите ги добивме со посредство на Универзитетската библиотека.
посредува | несв.
Учествува, помага во постигнување спогодба или извршување на некаква работа меѓу две или повеќе лица или страни. Тој посредуваше во спорот меѓу двете фирми.
посредувач | м.
посрка | св.
Сркне малку, не исрка сѐ. Посрка неколку лажици од супата и стана.
пост 1 | м.
Воздржување на верниците од мрсни јадења во определени денови. Последните години ги помина во пост и молитва.
пост 2 | м.
Место од каде што се набљудува, стражарско место. Тој го напушти постот на претстражата. Тука е првиот ешалон, секогаш на постот.
пост 3 | м.
Содржина што се става на интернет. Од неговиот последен пост сите се изненадија.
пост- | претс.
Како прв составен дел на сложенки со временско значење – по: постдипломски, постдипломец, постпозиција, постоперативен.