поста | ж.

Простор што го зафаќа еден жетвар при жнеењето, ожниен ред од жито. До пладне ќе ожнеат дваесет пости.

постава 1 | ж.

Ткаенина или кожа со која е поставена внатрешната страна на облека, обувки, прекривка и сл. Носеше палто со волнена постава. Свилена постава.

постава 2 | ж.

Состав од играчи, натпреварувачи што се на теренот, во игра. Настапија со првата постава.

поставен | прид.

Што е обложен со постава. Здолниште поставено со сатен.

постави 1 | св.

Стави нешто на определено место или во определена положба. Во каналот поставија жица за електрика.

постави 2 | св.

Стави, обложи со постава облека, обувки и сл. Палтото беше поставено со волнена постава.

поставка | ж.

Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став. Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција за поезијата. Теоретска поставка.

постамент | м.

Основа (од бетон, камен, мермер и сл.) врз која е поставен споменик, столб, статуа, биста. Бистата е поставена врз мермерен постамент.

постанат | прид.

Изнемоштен, премален, изморен. Постанатите патници паѓаа по пат.