постигне | св.
Успее да направи нешто, да го здобие тоа кон кое се стремел. Постигне резултат. Тој ја постигна целта. Денес сакаше да постигне рекорд на напреварот. Постигне гол. Сѐ што бараше, сѐ постигна.
постила | несв.
постилач | м.
Тоа што се постила за спиење; постилка. Спиеше на земја, без постилач и покривач.
постилка | ж.
Тоа што се постила за спиење на под и сл.
постилок | м.
Пелена, обично од грубо платно.
постиска | св.
Стиска малку, донекаде.
постисне | св.
Стисне, стегне малку, уште малку. Срдечно го поздрави, му ја постисна раката и започна разговор.
посткомунистички | прид.
постмодерна | и.
Правец во архитектурата, сликарството и сл., особено популарен во 80-тите години, кој се карактеризира со комбинирање на стари и нови стилови
постоен | прид.
Што постои, што суштествува, живее. Тој го сочини актот според постојниот законски ред. Часовите се одвиваат според постојниот наставен план.