постоење | ср.

Глаголска именка од постои 2.

постои 1 | св.

Стои малку, кратко време на едно место. Постојавме на скалилата некое време, како да се колебавме. Постој да те почестам.

постои 2 | несв.

Живее, суштествува, егзистира. Порано речиси не постоевме за него. Постојат многу видови животни. Таа жена никогаш не постоела, ти неа само си ја измислил.

постокми | св.

Стокми, потсуреди, дотера малку, донекаде. Таа ја постокми собата.

постоперативен | прид.

Што се однесува на периодот по извршувањето на хируршка операција. Постоперативен третман.

постопли | св.

Стопли, згрее малку, уште малку. Вечерта ја постоплија собата.

постојан | прид.

Што се одвива постојано, без прекин; непрекинлив. Тоа му беше постојана грижа. Тоа можат да го направат само оние луѓе што се навикнале на постојана работа. Денес имаме постојан пораст на цените.

постојаност | ж.

Својство, особина на тоа што е постојано.