постојка | ж.
Патна станица. Луѓето се симнаа на последната автобуска постојка.
постпозитивен | прид.
Што се наоѓа во постпозиција. Постпозитивен член.
постпозиција | ж.
Ставање на зависен елемент по зборот на којшто се однесува.
пострада | св.
Претрпи несреќа, настрада. Си пострада човекот за ништо.
пострела | св.
Стрела, пука, гаѓа некое време.
пострестант | м.
Писмо или друга поштенска пратка што не се доставува до примачот и стои в пошта сѐ дури примачот лично не ја подигне.
постриг | м.
Црковен обред – потстрижување на косата на оној што се закалуѓерува, замонашува.
постригува (се) | несв.
постриже | св.
Изврши црковен обред пострижување на косата на оној што се закалуѓерува, замонашува; постриг.
постриженик | м.
Тој што е пострижен, закалуѓерен, замонашен.