построи | св.

Стави во строј, постави во редови. Учителот ги построи двајца по двајца.

постројка | ж.

Во индустријата – систем од поставени или вградени технички средства и апарати со определена намена; инсталација 2. (ретко) Градба, зграда.

пострпи се | св.

Се стрпи малку, уште малку. За таа работа ќе мора да се пострпиш. Пострпете се да сопре дождот, па ќе одиме.

постскриптум | м.

Додаден текст на крајот од писмо; скратеница П.С. Својата забелешка ја напиша во постскриптум.

постсоцијалистички | прид.

Што се однесува на општествено-политичката состојба во почетокот на 90-тите години од 20-тиот век по распадот на еднопартиските (комунистички) системи на владеење во земјите на Европа и на бившиот Советски Сојуз.

постуди | несв.

Студи, е ладно некое време.

постудира | св.

Студира кратко време, некое време. Постудира една година и се откажа.

постулат | м.

Основна поставка од која се поаѓа; поставка, појдовна точка.

постулира | св. и несв.

Искаже нешто во вид на постулат. Поетовите погледи за националното минато во значителен дел се постулирани од традицијата.

постхумен | прид.

Што е објавен, отпечатен по смртта на авторот; посмртен. Постхумно дело.