партикула | ж.
партикуларен | прид.
Што се однесува само на еден дел; делумен.
партикуларизам | м.
Стремеж на потесни заедници или области на државата за одвојување од целината без оглед на општодржавните интереси.
партикуларист | м.
Приврзаник на партикуларизмот.
партикуларистички | прид.
Што се однесува и што припаѓа на партикуларизам и на партикуларист.
партитура | ж.
Печатен примерок на сите партии од повеќегласна музичка творба.
партитурен | прид.
Што се однесува, што припаѓа на партитура.
партицип | м.
Форма на глаголот што го означува глаголското дејство во сложени глаголски форми (беше дојден, има завршено) или се употребува во атрибутска служба како придавка (завршена работа, искината облека); глаголска придавка.
партиципант | м.
Тој што партиципира, соучесник;
партиципација | ж.
Учество со свој дел во работа, плаќање и сл.; соучество. Финансиска партципација. Партиципација во вршењето на општествени функции.