партиципиент | м.

Тој што партиципира, што учествува во нешто; учесник; Партиципиент во власта.

партиципира | св. и несв.

Зеде, зема учество со свој дел во работа, плаќање и сл.

партија | ж.

Политичка организација на луѓе блиски по идеологија, обединети околу определена програма, заеднички интереси и цели. Владејачка партија. Демократска партија. Партија на власт.

Партија | ж.

Древна персиска држава.

партијност | ж.

Припадност на одредена партија и определеност за нејзината политичка програма.

партнер | м.

Соучесник во игра. Играта се губи кога се потценува партнерот. Тој бара партнер за партија шах.

партнерство | ср.

Заедничко дејствување со некого; соучесништво. Политичко партнерство. Деловно партнерство.

парфе | ср.

Печена кашеста смеса од пудинг или од јајца, шеќер, млеко и др.

парфем | м.

Течност што мириса пријатно, индустриски производ што содржи екстракт и етерични масла од растенија, животински масти (мошус и др.), синтетички мириси и др.; мирис. Француски парфем.