поткуќница | и.

Земјиште (обично оградено) под куќата, крај куќата.

потоа | прил.

За време – по некое време, потем. Веднаш потоа, го чу нејзиниот глас. Потоа, со денови, го преживуваше тоа што си го сонил.

поток | м.

Воден тек помал и покус од река. Пред нив еден мал поток се влеваше во поголема река. Планински поток.

потокми | св.

Токми, подготви во некоја мера. Тие го потокмија да оди кај неа.

потолчи | св.

Толчи малку, кратко време. Таа потолчи малку кафе во аванот.

потомок | м.

Тој што припаѓа по потекло, по раѓање кон своите родители, кон некој род. Тој е најстариот директен потомок од таа фамилија.

потомори | св.

Скрие, потајно присвои.

потомство | ср.

Ново поколение во однос на она од кое води потекло, во однос на предците. Сепак не го оставаше верата дека потомството правилно ќе ги сфати неговиот живот и дело.

потон 1 | м.

Визба, подрум. Тој мечтаеше да направи куќа со потон, на кат и со чардак.