потон 2 | м.
Место каде што водата понира под земјата;
потоне | св.
Пропадне под површината на вода, исчезне под вода. Во една бура, бродот потонал. Јадицата веднаш потона. Парата потона на дното од бистрата вода.
потоп | м.
Според Библијата – голема поплава, која како казна за човечките гревови, ја покрила целата земја со вода.
потопи | св.
Направи некој или нешто да потоне; потоне Бурата го потопи бродот.
потопли | св.
Топли, загрева некое време.
потопница | ж.
Вид езерска птица на Охридско Езеро, планинска потопница; Nyroca marila.
поточарка | ж.
Повеќегодишно водно растение; Nasturtium officinale.
поточе | ср.
поточен | прид.
Што се однесува на поток; што живее во поток. Поточен жубор. Поточна пастрмка.
поточи | св.
Точи, остри сечило некое време. Тој го поточи ножот.