потплати 1 | св.
Стави астар, постави. Остана уште да го потплати палтото.
потплати 2 | св.
Поткупи, подмити некого. Тој ги потплати сведоците.
потплаши | св.
Уплаши малку некого. Птицата со својот тажен крик ги потплаши и другите. Тој сакаше да ме убие, а не само да ме потплаши.
потплаќа | несв.
потплете | св.
Сплете малку нешто скинато, отпарано и сл. Таа му ги потплете чорапите на петите.
потплисне | св.
Плисне малку. Таа го потплисна со вода по лицето.
потплукне | св.
Плукне малку, еднаш или одвреме-навреме. Си потплукна во рацете и фати да работи.
потпогледне | св.
Фрли малку поглед. Кога мина крај канцеларијата, потпогледна внатре.
потпокрив | м.
Просторот под покривот на куќата, таван. Ме поведе по стрмни скали, право кон потпокривот на куќата.
потпокрие | св.
Покрие малку повеќе, подобро. Таа стана и го потпокри со ќебето.