потполковник | м.
Офицерски чин во некои војски меѓу мајор и полковник; лице што го носи тој чин.
потполни | св.
Направи нешто да биде полно, сосема исполни некоја празнина, наполни докрај. Тој ја потполни дупката во ѕидот.
потполошка | ж.
(зоол.) Полска птица од семејството на еребиците, најмала од тој вид; препелица; Coturnix communis.
потпомага (се) | несв.
потпомогне.
потпомогне | св.
Даде некому финансиска или друг вид помош. Фестивалот го потпомогнаа повеќе приватни фирми.
потпор | м.
Дирек, столб, драг за потпирање.
потпора | ж.
Поддршка, поткрепа, помош. Потпора во верата.
потпорасне | св.
Порасне малку, стане повисок во некоја мера. Дрвцата потпораснаа.
потпорен | прид.
Што потпира; што служи како потпор. Потпорен ѕид. Потпорна конструкција.
потпорка | ж.
Помал потпор;