потпирач | м.

Предмет со кој се потпира нешто; потпор, потпорка. Столбовите се прицврстуваат со потпирачи од дрво или од бетон. Во паркот имаше само тенки дрвје, лошо фатени, со потпирачи одоздола.

потпирен | прид.

потпис | м.

Име и презиме напишано своерачно. Своерачен потпис. Нечитлив потпис.

потписник | м.

Тој што ставил потпис на некаков документ, што се обврзал за нешто со својот потпис. Тој е еден од потписниците на договорот.

потпише | св.

Стави свој потпис под документ, изјава и сл. земајќи некаква обврска, одговорност. Тој го потпиша договорот. Татко му ја потпишал меницата како прв жирант. Двете земји потпишаа примирје.

потпланински | прид.

Што се наоѓа во подножјето на планина. Потпланинско село.

потплата | ж.

Астар, постава.