потпорошка | ж.
Стап со кој се потпира товарената страна на самарот при товарење на коњ, магаре и сл.
потпоручник | м.
Чин во некои војски, понизок од поручник. Тој е потпоручник во АРМ.
потпоручнички | прид.
Што се однесува на потпоручник; што му припаѓа на потпоручник.
потпојде | св.
Отиде, појде понекогаш; намине кај некого, некаде. Ти потпојди докај нив, да не си дома сама. Донеси ми една понова шамија, сакам да потпојдам докај вујко ти.
потправа | повр.
потправи.
потправи | св.
Поправи нешто во некоја мера, донекаде.
потпраг | м.
Ремен за стегање на седло или самар; попраг.
потпраша | св.
Праша внимателно, претпазливо, одоколу. Потпрашај го што мисли за работата.
потпрашање | ср.
Дополнително, споредно прашање што се поставува во рамките на основното прашање. Професорот имаше и неколку потпрашања.
потпре | св.
Стави потпор на нешто за да стои поцврсто. Вратата ја потпре со едно дрво.