потпредува | повр.

Преде по малку, одвреме-навреме.

потпретседател | м.

Тој што е во хиерархијата веднаш по претседателот; заменик или помошник на претседателот. Собранието има двајца потпретседатели.

потпретседателски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на потпретседателот. Потпретседателско место.

потпркне | св.

Пркне малку (за птици).

потпроект | м.

Дополнителен, спореден проект; што произлегува од главниот проект.

потпросечен | прид.

Што е под просекот; што има помали вредности од просекот. Потпросечен студент. Потпросечни резултати.

потпукне | св.

Напукне; пукне малку на некое место.

потпури | ср.

Музичка пиеса составена од делови од разни музички творби. Потпури од опери.

потпушта | несв.

потпушти | св.

Направи нешто да биде помалку затегнато; стане помалку затегнат; попушти; олабави. Потпушти ми ремења да си одлетнам далеку.