потрава | несв.

потрага | ж.

потера.

потрае 1 | св.

Молчи, трае некое време; помолчи, поќути. Бебето потраја малку и пак почна да плаче.

потрае 2 | св.

Трае, се одржи некое време. Радоста кратко потраја. Таа измама потраја малку време.

потрака | св.

Трака, тропа некое време. Колата потрака и запре.

потрга | св.

Трга малку, кратко време.

потргне | св.

Повлече некого или нешто. Го потргнав за ракавот.

потргува | несв.

Тргува извесно време, малку. Потргува еден месец и се откажа од работата.

потреба | св.

Стане потребен, неопходен; затреба. Ако ти потребам, викни ме.

потреба | ж.

Тоа што се јавува како основна, општа нужност, барање во животот или во некоја сфера. Животни потреби. Егзистенцијална потреба. Културни потреби. Материјални потреби. Духовни потреби.