потрети | св.
Направи нешто по трети пат. Ќе повторам и ќе потретам ако треба.
потрефи | св.
потрива (се) | повр.
потрие | св.
Трие нешто малку, кратко време. Ајде потриј ми ја ракава.
потркала | св.
Тркала малку, кратко време.
потроа | прил.
По трошка, по малку. Од сè потроа ќе пробам.
потропа | св.
Почука (на врата и сл.). Потропав на вратата, ама никој не ми отвори.
потропне | св.
потропоти | св.
Тропоти малку, некое време.
потрошен | прид.
Што се троши; што е наменет за трошење. Потрошен материјал. Потрошна стока.