потроши | св.
Употреби пари за купување нешто; истроши, поарчи. Ги потрошив парите на пазар.
потрошлив | прид.
Што може да се троши.
потрошувач | м.
Тој што троши (пари, стока, енергија и сл.); купувач, клиент, муштерија.
потрошувачка | ж.
Процес на трошење на природните и на произведените добра, стоки заради задоволување на индивидуалните или колективните потреби. Широка потрошувачка. Масовна потрошувачка.
потрошувачки | прид.
Што се однесува на потрошувач; што му служи на потрошувачот. Потрошувачки кредит.
потрпи | св.
Трпи малку или уште малку. Потрпи, синко, потрпи, сè ќе мине.
потруди се | св.
Вложи труд, напор да се постигне нешто. Учениците се потрудија да ја научат лекцијата. Потруди се да стигнеш до вечер!
потруса | св.
Неразумно, залудно потроши, изгуби нешто (пари, имот и сл.). Ги потруса парите.
потрча | св.
Трча малку, кратко време. Атлетичарот потрча малку, па застана да се одмори.
потсвесен | прид.
Што е во потсвеста; што се случува без учество на свеста; инстиктивен. Потсвесна сила. Потсвесна омраза.