потребен | прид.
Што е неопходен, нужен, неизбежен. Извршени се сите потребни подготовки. Комисијата ја направи потребната анализа.
потреби | св.
Треби малку, кратко време. Потреби и ти малку од гравов.
потренира | св.
Тренира малку, извесно време. Денес потренирав фудбал. Потренирав пливање и се откажав.
потрепери | св.
Трепери, трепети кратко време.
потрепка | св.
Трепка малку, кратко време (со очите).
потрепне | св.
потрес | м.
а) Движење на Земјината кора поради тектонски поместувања или вулканско дејство; земјотрес. б) Ненадејно и краткотрајно движење на нешто како последица на силен удар или на експлозија. Подземен потрес. Пукнатините на куќата се предизвикани од потресите на експлозииите на мините. Скопското подрачје е подложно на силни потреси.
потресе | св.
(прен.) Предизвика силна возбуда; растрои, наруши ред, мир. Штрајкот го потресе градот. Востанието ги потресе основите на робовладетелскиот поредок.
потресен 1 | прид.
Силно возбуден, вознемирен, вчудоневиден од нешто. Потресени сме од веста за страшната катастрофа.
потресен 2 | прид.
Што предизвикува силна возбуда, силен емотивен потрес. Потресна сцена. Потресна слика.