потсвест | ж.
Душевна состојба на непотполно свесни претстави и чувства под прагот на свеста, а коишто значително влијаат врз мислењето и постапките на свесниот субјект. Тоа се јавува во потсвеста.
потсветне | св.
Засвети малку, во помала мера. Откај реката потсветна нешто.
потсвирне | св.
Свирне малку некому (со устата). Потсвирни му уште малку, ќе се јави.
потсвитка | св.
Свитка малку, донекаде. Го потсвитка листот и го залепи.
Потсдам | м.
Град во Германија.
потсева | несв.
потседла | св.
Стави седло, самар (на коњ, магаре и сл.). Го потседлал коњот.
потседне | св.
Седне малку, приседне за кратко време. Жената потседна на прагот.
потсекретар | м.
Заменик или помошник на секретар. Државен потсекретар.
потсекува | несв.