потсети | св.

Спомене некому нешто да не заборави, обнови некому сеќавање, знаење. Денешниот ден ме потсети на еден настан од минатото.

потсетник | м.

Бележник за тоа што треба да се направи, што не смее да се заборави. Си запиша во потсетникот.

потсече | св.

Пресече, отсече нешто одоздола или одозгора; поткине, скрати крај или врв на нешто. Тој ги потсече гранките на дрвото. Косата му беше кусо потсечена.

потсили | св.

Засили, подзасили малку, во некоја мера.

потсири | св.

Стави сириште (квас, маја) во пресно млеко за да стане сирење. Бачот го потсири млекото.

потсистем | м.

Тоа што претставува систем во рамките на поопшт систем, дел од систем.

потскара | св.

Скара некого малку, во мала мера. Го потскарав синот.

потскок | м.

Мал скок угоре. Нозете му се на потскок.

потскокне | св.

Направи мал скок, подрипне. Коњот потскокна. Врапците потскокнаа на гранката.

потскрати | св.

Скрати, скуси одоздола. Фустанот си го потскратила.