потсоли | св.

Посоли малку, во мала мера; стави малку сол. Го потсолив месото и го ставив да се пече.

потсопне | св.

Сопне малку некого. Ќе го потсопнев без да сакам.

потспотне | св.

Спотне, поттикне, распламти (оган, разговор итн.) во мала мера. Го потспотна огнот.

потсрди | св.

Налути, расрди малку, во мала мера некого. Го потсрди малку мајка му.

потстави | св.

Стави под нешто, подметне, поткладе.

потстанар | м.

Лице што живее во туѓа соба или стан под наем. Тој беше потстанар во нејзината куќа.

потстане | св.

Стане малку; се поткрене. Потстана од место.