потслади | св.
Заслади малку или уште малку. Потслади го чајот уште малку.
потслизне | св.
Направи некој да се слизне малку, во мала мера.
потслон | м.
(книж.) Покриено место, покрив над глава; заслон. Фати невреме големо, а немаше нигде потслон.
потслушне | св.
Слушне малку, дознае нешто малку; потчуе. Имам потслушнато дека ќе си оделе.
потсмев | м.
Подбив, иронија. Тој ми одговори со потсмев. Не е добро да бидеш на потсмев.
потсмева се | несв.
Се смее некому за нешто; се подбива. Тие му се потсмеваа в лице. Зарем тој да ми се потсмева?
потсмевач | м.
Лице што се потсмева некому за нешто.
потсмевне се | св.
Се потсмее некому; се подбие.
потсмее се | св.
потсмешлив | прид.
Што содржи или изразува потсмев, подбив. Потсмешливи песни. Потсмешлив поглед.