потстег | м.
потстегне | св.
Стегне малку, во мала мера. Потстегни го обрачот.
потстрешник | м.
Простор под стреа на селска куќа. Сакам да чујам глас на рулче во потстрешникот.
потстриг | м.
(црков.) постриг.
потстриже | св.
Скрати коса, волна и сл. Берберот лошо те потстригол. Овчарите ги потстригоа овците.
потсука | св.
Потсука мустаќи.
потсуче | св.
Засука малку или одоздола. Ќе ги потсучеше ракавите и ќе продолжеше со работа.
потсуши | св.
Исуши малку, донекаде. Ги потсуши пелените.
поттекст | м.
Внатрешна, скриена смисла на текстот (пишан или изговорен). Иронијата во добар дел го создава поттекстот на оваа поезија.
поттекстен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на поттекст. Поттекстна смисла.