потфати | св.
Фати од долната страна. Ја потфати глинената топка и ја извади од пепелта.
потфрла | несв.
потфрли | св.
Фрли нешто на одреден начин; недоволно фрли. Му потфрли шамивче да си го избрише носот. Му потфрлил едно камче.
потход | м.
Пристап, приод, гледиште. Потход кон прашањето.
потхрани | св.
Даде дополнителна храна. Зимно време секојпат ќе ги потхранеше пчелите.
потцврцнува | несв.
Потпивнува, пие по малку, одвреме-навреме. Стариот уште си потцврцнува.
потценет | прид.
Што е оценет под вистинската вредност. Неговиот труд беше потценет од колегите.
потцени | св.
Оцени подолу од вистинската вредност. Непријателот ја потцени нашата сила. Другарите го потценија неговото знаење.
потценувачки | прид.
Што изразува потценување. Потценувачки гест. Потценувачко движење.
потцрта | св.
Стави црта под напишан збор, реченица; подвлече. Тој ги потцрта последните зборови од расказот.