пофалбен | прид.

пофален | прид.

Што искажува пофалба. Пофални зборови.

пофали | св.

Искаже пофалба за некого или за нешто. Тренерот ги пофали играчите.

пофалница | ж.

Пофално писмо; писмено признание што се доделува по некој повод. Учесниците на натпреварот добија пофалници.

пофантазира | св.

Фантазира малку, кратко време.

пофати | св.

Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто. Го пофати штофот и рече дека не е волнен.

пофаќа | несв.

пофилозофира | св.

Мудрува малку, кратко време.

пофлертува | св.

Флертува малку, некое време.

похвала | ж.

Беседа или песна со која нешто се фали. Св. Климент Охридски напишал многу похвали и поучни слова.