похвален | прид.

Што се однесува на похвала. Похвална песна.

поход | м.

Организирано одење, поаѓање некаде; организирана обиколка или посета на нешто. Туристички поход. Поход на планина.

похота | ж.

Претерана, неумерена полова страст; сладострастие. Неговиот живот е полн со телесни похоти.

похотен | прид.

Што е исполнет со похота. Похотен поглед. Похотни мисли.

похотлив | прид.

похрани | св.

Храни малку, некое време. Го похранив со гриз детето.

похристијани | св.

Направи некого христијанин. Тој го похристијанил целото село.

поцапа | св.

Цапа малку, кратко време.

поцарува | св.

Царува некое време.

поцвили | св.

Цвили малку, кратко време.