пошава | св.
Мрда некое време.
пошалави | св.
Шалави, прави шеги, беснее некое време.
пошанта се | св.
Се шанта, се шантра, се тетерави, се занесува (при одење) некое време. Тој се пошанта и падна на земјата.
пошегачи се | св.
Тера шега некое време.
пошегува се | св.
Се шегува малку.
пошепоти | св.
Шепоти малку, кратко време.
пошета | св.
Шета малку, кратко време. Пошета низ собичето и си легна.
пошиба | св.
Шиба, удира, бие малку, кратко време. Тој го пошиба коњот.
пошие | св.
Шие малку, кратко време. Ќе пошиеме уште малку и ќе си одиме.
пошколува | св.
Школува некого некое време. Татко му го пошколува до четврто одделение.