пошлака | св.

Плеска, плуска малку со рацете.

пошлапа | св.

Шлапа, цапа малку, некое време (во кал и сл.). Девојчето пошлапа во калта.

пошмрка | св.

Шрмка малку, кратко време.

пошмркне | св.

Шмркне малку.

пошмука | св.

Шмука малку, кратко време.

пошта | ж.

а) Установа која се занимава со пренос на разновидни пратки. Дирекција на поштата. б) Зградата во која е сместена таквата установа. Ќе се најдеме пред поштата.

поштар | м.

Службеник што работи во пошта. Друштво на поштарите.

поштарина | ж.

Такса за поштенски услуги. Поштарината е платена.

поштарка | ж.

Жена што работи во пошта.

поштеда | ж.

Заштита на некого, имање обѕир; поштеди. Работел сè и сешто без поштеда.